Зошто професорот Христо Мермерски смета дека секоја жена мора да ја јаде оваа салата? (РЕЦEПT)
2 август, 2020

Христо Мермерски е човек кој се залага за здрава исхрана. Тој верува дека секоја жена треба да јаде салата од пиперки и лук, или рендан морков и лук. Ова ќе и ’обезбеди здравје, виталност и убавина. Еве го рецептот со кој можете да ја направите оваа лековита салата:
Состојки:
- Свежи пиперки (по можност црвени како за ајвар)
- Магдонос
- Лук
- Сол, масло и оцет
Подготовка:
Црвените (а може и зелени) пиперки измијте ги. Потоа испечете ги во рерна на 200 степени, 25-30 мин или ако сте „похрабри“ на плотна или скара. Откако ќе ги излупите, исецкајте ги, додадете ситно сецкано лукче и магдонос. Измешајте и зачинете по вкус со масло и оцет (ние преферираме комбинација на обичен и балсамико оцет).