Тој веќе долго време не е на теренот.
Роџер Федерер не е на тениските терени веќе осум месеци, а тоа влијае на неговата популарност, дури и во неговата родна Швајцарија.
Короната може да го забрза пензионирањето на Роџер, а според Томас Ројтлер, претседателот на официјалниот фан-клуб на Федерер во Швајцарија, Фанс4Роџер, можно е клубот да биде затворен.
-Трошоците се акумулираат секој ден и тие се постојани. Веројатно ќе бидеме принудени да го затвориме фан клубот на Роџер. Тука има луѓе кои живеат за Федерер, и ако тоа се случи, нивниот свет ќе биде уништен. Колку и да звучи брутално, тенисот постоел и пред Роџер и ќе постои и по него – рече Ројтлер.
Турнирот во Базел, кој Швајцарецот го освои десет пати, отсекогаш бил клучен настан за неговите навивачи во таа земја. Поради пандемијата, турнирот беше откажан, што е најголем удар за клубот Fans4Roger.
-Голема штета е. Тој турнир секогаш нè собираше во голем број, па откажувањето е вистински шок за сите – додаде тој.