Што би направиле кога полиција ќе Ви јави дека Ви го пронашла украденото Ферари од пред 26 години?! Видете што се случи во Холандија денес…

popara3 август, 20202min00
ferrari-mondial-water-ij-amsterdam-8-scaled

Холандската полицијата пронајде Mondial Ferrari од 1987 година, украдено во 1994 година.

Пронаоѓањето се случи сосема случајно. Уште на почетокот на јуни, една локална противпожарна бригада најде „чудна“ структура на дното за време на нуркањето за обука во еден од каналите во Амстердам. На крајот на месецот, полицијата го испитала подрачјето и го обезбедила објектот, а потоа, со помош на Министерството за одбрана била организирана ждрепка. На 8 јули се случи изненадување кога мистериозниот предмет затрупан во песок беше Ферари.

Дополнително е утврдено дека станува збор за исчезнат примерок за кој се трага уште од 1994 година, кога беше пријавена кражбата. Во моментов се утврдува колку долго Ферари-то е под вода, цели 26 години или помалку. Во секој случај, времето и суровата околина направија своја работа па автомобилот беше уништен во целост.

Полицијата утврди дека не е сторено кривично дело во автомобилот, па затоа е предадено на осигурителната компанија, која го однела автомопилот на депонија.

И овде не завршува приказната затоа што од локалната депонија одлучија да го рекламираат автомобилот. Тоа предизвика голем интерес.

„Голем интерес има за автомобилот во целост и за одредени делови. Но, ние не смееме да го продаваме автомобилот во комплет. Само ако отиде во музејот, тогаш владата може да направи исклучок. Иако деловите не можат да се користат за инсталација, многу луѓе кои имаат колекции од автомобили или делови од автомобили ги сакаат како украс или дел од мебелот, како што е моторот, кои сакаат да ги користат како основа на стаклена маса “, рекоа тие од отпадот за автомобили за списанието„ Драјк “.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma