Егзотичните возила во гаражата на Џордан!

12 мај, 2020
џордан 5

Ова се некои од возилата кои ги возел Џордан во време на неговата најголема слава.

Chevrolet Corvette C4

Во текот на кариерата Џордан возел неколку корвети, но токму C4 бил топ модел во понудата на Chevrolet од 1984, годината кога тој почнал да игра во Чикаго Булс. Џордан во неколку наврати се појавил и во реклами за Chevrolet.

Chevrolet Corvette C5

Врската со култното американско возило тој ја одржал возејќи го и следниот модел Chevrolet Corvette C5.

Ferrari 550 Maranello

550 Maranello им го дал одговорот за Ferrari на оние кои тврделе дека спортските автомобили со мотор напред не можат да се споредат со оние со централно поставен погон.

Porsche Slantnose

Меѓу неколкуте Поршеа кои ги возел Џордан, се истакнува белиот 930 Turbo Cabriolet.

Land Rover Range Rover HSE 4.6

Едно од интервјуата кои ги дал Џордан било токму во Range Rover HSE 4.6, карактеристичен по црвено црната боја.