“Горд сум на своето име, бил голем мангуп” Ѓоковиќ на 17 години жестоко и се восхитувал на оваа глумица: Би сакал да имам нејзин број!”

6 август, 2020
Annotation 2020-08-05 223417

Интервју од 2004 година кога Џоковиќ беше на самиот почеток на неговата голема кариера!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ со 17 години одговараше на 54 прашања за магазинот “Huper” а одговорите ги пренесе “Yugopapir”.

Некои од одговорите на Новак ќе ве изненадат, поради некои ќе сфатите зошто Српскиот тенисер е таков каков што е, а многу одговори ќе ве воодушеват!

1.Најдраг спомен во кариерата?

– Ги има многу, ама би го издвоил го тој најсвежиот, од Австралија, кога играв пред 15 илјади луѓе на централниот терен, на “Australian open”.

2. Кој не би го земал на пуст остров?

–  Ниедна домашна естрадна пејачка.

3. Дали повеќе би се возел со подморница или вселенски брод?

– Со вселенски брод.

4. Прва асоцијација за тенис…

-Тренинг.

5. Кога зборуваш со некого што приметуваш прво?

– Очи и однесување

6. Како би изгледал ако си вонземјанец?

– Би имал голема глава и тело како робот

7. Дали си задоволен со своето име?

– Сум, татко ми ми го даде името Новак и немам многу имењаци. Горд сум на своето име – и стариот Новак бил голем мангуп.

8. Кажи ни нешто што не знаеме за тебе.

-Одлично скијам

9. Не можам да живеам без…

-Фамилијата

10. Што би правел ако си невидлив?

– Се она што не би можел да постигнам како “видлив”

11. Која боја е среда?

– Црвена, таа ми е омилена боја.

12. Без што никогаш не излегуваш од дома?

– Без мобилниот телефон, паричникот, а за кратко  нема да можам и без клучот од кола поради тоа што за неколку месеци ќе сум полнолетен па ќе полагам за возачка.

13. Дали е подобра Бритни Спирс или Кристина Агилера?

– Не сум голем фан на ниедна од нив, но сепак гласам за Бритни Спирс.

14. Што појачуваш а што стишуваш?

– Појачувам странска, а стишувам домашна музика.

15. Опиши се себе си со 5 зборови.

– Дружељубив, искрен, упорен, вреден и среќен.

16. Дали имаш среќни патики?

– Немам, но на турнирите имам среќни маици.

18. Кога еден ден би владеел со светот, што би направил?

– Би ги укинал цигарите. Ама знам дека поради тоа не би се задржал на тронот долго време. Би ме симнале после три часа.

19. Што мора да поседува добар тенисер?

– Најважно е да има желба за работа и победа.

20. Во кој град би сакал да живееш?

– Во Мелбурн

21. Спортски херои..

– Пит Сампрас и Мајкл Џордан

22. Со кој би сакал да го “вкрстиш” ракетот?

– Првиот на топ листа е Пит Сампрас, но за жал се пензионираше, ама и со првиот играч на светот Федерер.

23. Зашто пајакот има 8 нозе?

– Не тренирал доволно.

24. Да не си тенисер би бил…

– Сигурно спортист. Скијач или кошаркар.

25. Кој би те глумел во филм?

-Кијану Ривс

26. Што потпевнуваш во последно време?

-“Жена без имена” Владо Георѓиев. Пред тоа подпевнував од 50 Сент “In da club”.

27. Да можеш да одбереш, кое животно бо бил?

– Лав, кралот на животните. Ќе уживав во животот.

28. Во чив спот би сакал да се појавиш?

– Во некој спот на Еминем. Тој има најинтересни видео приказни.

29. Кога откри дека сакаш да бидрш тенисер?

– Кога имав 4 години

30. Која боја би била тревата ако не е зелена?

– Црвена

31. Омилена играчка од детството?

– Едно плишано куче кое го добив кога имав 4 години.

32. Омилено овошје и зеленчук?

– Портокал и марула.

33. Што последно сонуваше?

– Дека бев со девојка на пуст остров.

34. Со кој би излегол: Курњикова, Дементиева или Шарапова?

– Со Шарапова. Таа ми е врсничка и мислам дека би било интересно. А надвор од тенисерскиот свет со Хали Бери.

35. Што си бил во минатиот живот?

– Некое цвеќе или животно.

36. На кое слатко никогаш не би му се спротивставил?

– Нутела.

37. Каков беше на 12 години?

– Доста висок за мојата возраст, слаб и почнав да тренирам тенис малку посериозно.

38. Каде се гледаш себеси за 10 години (2015)?

– На јахта, некаде на Азурниот брег, во убаво друштво, со пријателите и моите двајца браќа.

39. Кои надчовечки способности би сакал да ги имаш?

– Да сум невидлив, дека можам да го застанам времето и да ги движавам работите со очи!

40. Кој филм си го гледал повеќе од пет пати?

– „Кој пее таму“ и „Маратонци“.

41. Зошто тениските топки се жолти?

– Да се разликуваат од кошаркарските.

42. Ако беше жена, како ќе се викаше?

– Марија.

43. Со кого би го сменил местото ако можеше барем на пет минути?

– Со некоја голема поп ѕвезда. На пример, Енрике Иглесијас, но не заради Курњикова

44. Кој телефон би сакал да го имаш во твојот телефонски именик?

– Од Хали Бери.

45. Ако би ја задржал светилката на Аладин, што би сакал?

– Да живеам со моето семејство на егзотичен тропски остров.

46. ​​Ако би можел да направиш нешто без да бидеш казнет, што би нашравил?

– Би фрлил топка на судијата кога тој ќе ме изнервира и би го удрил од судиското столче.

47. Дали читаш хороскоп?

– Кога ќе стигнам.

48. Смисли прашање за волшебната кутија Хоупер?

– Дали кутијата Хоупер ги исполнува желбите?

49. Колку рекети носиш кога одиш на турнир?

– Пет.

50. Кој е првиот концерт на кој си бил?

– Концерт на Здравко Чолиќ.

51. Дали повеќе би се одлучил за скијачки скокови или банџи?

– Па, се разбира, за скијачки скокови.

52. Зошто кучињата и мачките не се толерираат?

– Затоа што мачките сакаат да бркаат глувци, а кучињата не го сакаат тоа.

53. Омилено време од денот?

– Околу два попладне.

54. Кој е крал на белите спортови?

– Во овој момент, тоа е Федерер, иако повеќе го сакам Сафин, затоа што тој можеби е единствениот што може да го тргне од тронот. Сепак, за мене кралот на белите спортови секогаш ќе биде Пит Сампрас.