НБА размислува за одигрување на останатите натпревари на имотот на Дизни на Флорида

24 мај, 20200
НБА

Сезоната на НБА лигата беше прекината на 11 март заради пандемијата од коронавирус, а во лигата се надеваат дека натпреварите можат да продолжат во средината на јули.

Управата на лигата разговара со компанијата Дизни за да можат натпреварите да се играат на спортскиот комплекс ESPN, огромен кампус на имотот на Дизни во близина на Орландо.

Портпаролот на НБА, Мајк Бас изјавил дека разговорите се засега информативни и дека тој комплекс освен за натпревари може да послужи и за тренинг и за престој. Тој исто така изјавил дека приоритет е здравјето и безбедноста на сите учесници и дека прават се за да ги обезбедат сите медицински протоколи и заштита.

Кампусот се протега на 225 хектари, има многу сали во кои можат да се играат натпревари истовремено.

На целиот комплекс на Дизни има речиси 24.000 хотелски соби.

НБА лигата работи на многу сценарија за враќање на натпреварите, во чиј склоп ќе се прават и редовни тестирања на коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi