Роналдо му признал на Дел Пјеро: ја заслужи “Златната топка”!

10 мај, 2020
роналдо

Некогашниот најдобар фудбалер на светот, бразилецот Роналдо на Инстаграм бил “live” со Александар дел Пјеро и му кажал дека некогашниот капитен на Јувентус заслужувал да ја освои “Златната топка”.

“Заслужи да бидеш најдобар на светот, но не само ти, туку уште неколку големи имиња не се наградени, а треба да бидат- Паоло Малдини, Франческо Тоти, Роберто Карлос, и Раул”, изјавил Роналдо кој освоил “Златна топка” во 1997 и 2002 година.