„Ворлд Сокер“ избра 500 најзначајни фудбалери на светот, меѓу нив тројца Македонци

12 август, 2020
Capture

Најстариот и еден од најугледните фудбалски магазини на светот „Волрд Сокер“ традиционално еднаш годишно бира 500 најдобри или најважни фудбалери во светот на фудбалот во дадениот момент, а на листата многу често има по некој македонски фудбалер, но за оваа 2020 година место се најде – дури за тројца.

Англискиот фудбалски магазин ибра 500 најзначајни фудбалери во светскиот фудбал, смести и дел од најдобрите фудбалерки, а бидејќи секој избор е субјективен, во образложението како е составена листата се земени неколку критериуми и тоа пред сè настапите пред и по коронавирусот во веќе завршената сезона 2019/2020 сосе импактот на секој фудбалер во истата, како и едно предвидување за блесок во претстојната сезона 2020/21.

На листата за годинава место има за тројца македонски фудбалери. За некои ќе биде изненадувачки, за други реално, но според „Волрд Сокер“ во моментов, Горан Пандев, Енис Барди и Илија Несторовски се тројцата меѓу 500-те најзначајни. Изборот може да отвори полемика зошто Несторовски пред Елмас, или дали Џани Алиоски требало да биде вметнат, но англискиот магазин ги избра овие тројца македонски репрезентативци.

Изборот е направен на магазинот по азбучен ред и без никаков редослед, кој е на кое место на листата.

ЕНИС БАРДИ – Сестран фудбалер за врска, кој блескаше по лево сезонава. Арсенал покажа интерес, како и екипи од Серија А и од Бундеслигата.

ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ – Искусен и импресивен левоног напаѓач, кој добро игра веќе четири години во Италија, три во Палермо и кој ја очекува својата петта сезона на Апенините.

ГОРАН ПАНДЕВ – Капитенот и најдобриот стрелец на Македонија, кој е надарен со таква техника и е таква класа, која е очигледна и во вакви летни периоди.

Од регионов, 11 фудбалери има Србија, седум од Хрватска, а пет од Турција. Македонија со тројца претставници е во „врвот“, колку што има и Словенија, а зад нас се Романија, Косово, БиХ и Грција со по двајца фудбалери на листата, додека Албанија има само еден.

ИЗВОР: СПОРТ1.МК