Да најдете одело кое совршено ви одговара не е воопшто лесно. Но,по бескрајно пребарување на Инстаграм, eBay и други страници, го пронајдете совршениот комплет, ќе знаете дека сето тоа беше со причина.
Оваа сезона, вашето одело мора да ги има овие три карактеристики: декаденција, лежерност и долговечност, но има уште една, а тоа е удобност. Совршено одело е секогаш удобно за носење.
Секако, во канцелариски услови, не секогаш имате можност да носите вакви совршено скроени одела, но септември е совршен месец за додавање на ова ново парче облека во вашата гардероба. Еве неколку комбинации што можете да ги носите насекаде, од улица до ресторан или работа.
Слоевито
Носете лесен капут или мантил над оделото во ладните утра.
Смело
Осмелете се да облечете јакна само на гола кожа.
Боите не се само за пролет
Не плашете се да носите светли бои покрај традиционалните есенски бои како бургунд, карамела и беж, бидејќи животот бара малку повеќе светло во моментов.
Носете шорцеви со сако во топлите денови
Комбинирајте за да добиете максимален ефект Нека сè биде лежерно, но добро комбинирано - облечете блејзер со кожени панталони.