Кој би рекол дека постои солен кадаиф?
Кадаиф е еден од најубавите слатки турски специјалитети. Како и да е, Грците не би биле Грци доколку не би „удриле“ контра Турците овде и го сторат тоа на свој начин. Затоа, кога порачувате кадаиф во Грција, немојте да се изненадите ако ви го донесат со сирење или во солена верзија подеднакво вкусна како и благата верзија. Еве како да го подготвите…
Состојки:
1 пакување кадаиф
150гр путер
200гр изрендан кравји кашкавал
200гр изрендан овчиј кашкавал
200гр фета сирење искршена на покрупни парчиња
Сол
Бибер
За бешамел:
2 лажици брашно
2 лажици путер
1 чаша млеко
Подготовка:
Прво подгответе го бешамел сосот. Се топи путерот во тавата и се додава брашното. Мешајте додека состојките не се соединат. Додадете млеко во мали дози и измешајте добро.
Кога смесата ќе се згусне, извадете ја од плочата за готвење, па додадете го ренданото сирење. Промешајте и пробајте дали е потребно да додадете сол. Ако е треба, додадете сол и, се разбира, бибер.
Подмачкајте го плехот за печење и покријте го неговото дно со кадаиф. Лесно притиснете ги со рацете за да се залепат подобро на дното.
Истурете ја мешавината од сос бешамел и сирење и добро распоредете ја низ целиот плех.
Покријте ја смесата со друг слој кадаиф и повторно притиснете. Прелијте го кадаифот со стопен путер.
Печете во загреана рерна 45 минути на 150 степени, а потоа подигнете ја температурата на 180 уште 15 минути.
Извадете ја питата од рерна, оставете ја малку да се излади и исечете ја.
Пријатно!