Баба херој (104) стана симбол за надеж во Италија: Преживеала две војни па и корона! Нејзината насмевка ги разнежни сите!

5 април, 20200
baba

Бабата Ада, во своите 104 години, успеала да преживее две војни, но и борбата против новиот коронавирус, со што стана една од најстарите лица во светот што го победи кивид-19.

Родена е во 1916. година, а изминативе неколку години живеела во старечки дом во Лесона, каде короната однесе многу животи, пренесува Ла Република.

По потекло од Венето, во 1947. година се преселила во провинцијата Биела со сопругот и првите две од четири деца. И иако таа секогаш била со генерално со добра здравствена состојба и независна, пред неколку години откако го скршила колкот, морала да биде сместена во дом за стари лица недалеку од нејзиниот дом.

“Беше лошо во почетокот на март. Таа имаше треска и повраќаше. Не можев да ја видам затоа што беа забранети посети поради пандемијата, но можев да разговарам со неа секој ден. Се разбира, веднаш се посомневав дека може да биде коронавирус затоа што веќе имало неколку инфицирани во старечкиот дом “, рече нејзиниот син Џампиеро.

Сепак, на 17 март беше тестирана, а неколку дена подоцна резултатот беше позитивен. Но, во тој момент, мајка ми беше добра, веќе се опоравуваше “, рече нејзиниот син. Парадоксално, кога откри дека е заразена, таа веќе беше на патот за закрепнување, откако ја надмина кризата од една недела.

Нејзиното закрепнување го потврди докторка задолжена за нега на стари лица.

„Таа веќе станува од кревет. Нејзиното закрепнување е голема радост и награда за сите што се грижеа за неа во овие тешки денови“, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *