Близок извор на актерот откри детали за неговата врска: Леонардо Ди Каприо конечно ќе застане пред олтар?

25 јуни, 2020
Annotation 3

Парот изминатите месеци ги поминува заедно во карантин

Не е често да се добие информација од прва рака за тоа како е во врската помеѓу глумецот Леонардо Ди Каприо и неговата 23 години помлада девојка Камил Морон.

Тоа му појде од рака на порталот People кој објави информации од извор близок на парот.

“Тој обично е многу независен и поголемиот дел од времето го поминува со своите пријатели. Поради карантинот, сега во најголем дел е со Камил и сака да биде со неа”, вели еден извор.  

Друг додава: “Многу се блиски, Лео поминува 24 часа дневно, 7 дена неделно со неа во својата куќа веќе неколку месеци.”

Се чини дека на омилениот глумец, кој освен по своите филмски успеси е познат и по енормните напори кои ги вложува во зачувиувањето на околината, во љубовта му цветаат рози.

Camila Morrone on critics of her Leonardo DiCaprio romance ...