Дали знаете како правилно се изговара espresso, а како quiche?

8 мај, 2020
кафето

Следниве зборови се зборови кои луѓето најчесто погрешно ги изговараат.

Ceviche [севиче]

Маринирана сирова риба која е омилена во Јужна Америка. Се служи со сок од лимон или лимета, лук и луто пиперче.

Kvinoja [киноа]

Лажна житарица која ја користат сите оние кои пратат гастрономски трендови. Идеална е за лесни летни јадења од зеленчук наместо ориз или тестенини.

Worcestershire, Worcester [вустершер, вустер]

Темниот сос најпрво е направен во британскиот град Worcesteru, чие друго име е”вустер“.

Acai [асаи]

Асаи е супербобинка од Амазон која е идеална за детоксикација. Помага и за концентрација.

Aioli [ајоли]

Овој сос, вкусен до болка, се јаде во Шпанија, Португалија, Франција и Италија. Шири неодолив мирис на маслиново масло и лук.

Jalapeno [халапењо]

Нека не се лутат оние кои погрешно ги изговараат, но лутите пиперчиња немаат “ј”. Тие гласно се изговараат со “х”.

Sriracha [сирача]

Заборавете на првото “р” и веќе сте на половина пат да го изговорите правилно. Името му го должи на италијанскиот град Си Рача, каде ова е омилен додаток на тестенините.

Toblerone [тоблерон]

Планинските Швајцарски врвови ја отелотвориле култната чоколада. Иако кај нас се слуша секој глас, во називот Тоблероне, буквата “е” не треба да се изговара.