Девет работи кои секоја жена треба да си ги дозволи по 45-тата година!

30 април, 20200
жена

Општеството е полно со предрасуди кон жените. Особено кога ќе дојдат до одредена возраст, тие предрасуди многу влијаат на квалитетот на животот. Од сите страни се слуша: не можеш, не смееш, не е примерно…

Фактот дека сте ја преминале четириесеттата година не значи дека животот завршил.

Ова се некои табу теми за жените постари од 45 години:

Заштеда на себе: Жените по четириесеттата сè помалку пари трошат на себе, а сè повеќе за децата, мажот, домот и тн… Не дозволувајте да станете такви. Ако не се цените сами, нема да ве ценат ни другите.

Кратка фризура: Кој кажал дека жената во четириесеттите мора да има кратка фризура? Погледнете ја Деми Мур и целата нејзина убавина која доаѓа токму од косата. Долга, негувана коса е гордост на секоја жена, без разлика на годините.

Работи за баби: Не мора да носите розев дуксер со Мини Маус, но сосема е ОК да носите фармерки и маица до половина.

Одбивање на модни трендови: Водете сметка секогаш да сте во тренд. Не ги следете слепо трендовите, но најдете нешто за себе. Тоа ќе ви ја подобри самопочитта.

Вреќаста облека: Доколку сте добиле некој килограм плус, тоа е сосема ОК, но не е причина да носите вреќасти облеки. Нагласете го она што е убаво на вас. Прифатете го вашето тело такво какво што е и покажете го.

Рамни чевли: Секоја жена во својот ормар мора да има барем еден пар салонки на потпетици. Тие чевли градат самодоверба!

Заштеда на долна облека: ОК, можеби сте во брак 15 години, но тоа не е причина да носите избледена и олабавена долна облека. Квалитетната долна облека дава моќ.

Шминката е за млади: Напротив, шминката е за жени по триесеттата. До тогаш нема потреба ништо да се прикрива и коригира.

Недостаток од спорт: Жените мораат да се занимаваат со спорт! Најдете некој спорт кој ви одговара и само напред- сега е вашето време!

Водете грижа за себе: Тоа значи да имате свој гинеколог, стоматолог, офталмолог. Одете на редовни прегледи, најмалку два пати годишно бидејќи здравјето е најважно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *