Џеј Ло се упати кон студиото, откако објави дека снима песна со Малума!
Џенифер Лопез не дозволува карантинот да и влијае лошо, таа продолжи со нејзиниот живот и работа.
Таа неодамна откри дека работи на нова музика со Малума.
Џеј Ло во понеделникот облече дуксер, кој го носеше врзан за половината,тесни црни хеланки и бела кожна чанта додека се упатуваше да оди на работа во студио во Мајами.
Џенифер го полуде Инстаграм за време на викендот со објавата на фотографија од снимањето со Малума и во описот напиша: ‘Pase lo que pase ‘toy pa’ ti … Are you ready?’
Таа и колумбискиот уметник (26) глумеа заедно со Овен Вилсон во претстојната романтична комедија Marry me, која ја снимаа во NYC минатиот октомври.
Ѕвездата на The Hustlers прави обиди да го купи New York Mets, заедно со нејзиниот свршеник Алекс Родригез (44).Тие се здружија со ѕвездите на NFL Тревис Келце, Брајан Урлахер и ДеМарко Мареј, како и група инвеститори за поднесување првична понуда од 1,7 милијарди американски долари минатата недела.Според New York Post: „Главниот на Mets, Jеф Вилпон би сакал да го продаде тимот на Џ-Род, доколку нивната понуда е близу до најдобрата понуда на крајот на аукцијата“.Двојката неодамна направи уште една голема набавка, додавајќи дом од 1,4 милиони милиони во Енсино, Калифорнија во нивното портфолио за недвижнини.Сместено во областа San Fernando Valley во Лос Анџелес, имотот располага со три спални соби и две и пол бањи.
Џеј Ло со нејзиниот сопруг сакаат да го купат New York Mets.
Home sweet home: Популарниот пар го додаде и својот дом од 1.4 милиони долари.
Можеме да ја очекуваме и свадбата, се надеваме дека нема да биде многу далеку во иднината.
Таа и Родригез ја објавија својата свршувачка минатиот март, а не ги објавија плановите за свадба.
Лопез прослави порано благодарение на нејзината пријателка Кортни Кардашијан, која во понеделникот и испрати торта во име на нејзиниот бренд Poosh.
Џеј Ло објави на нејзиното Instagram Story : ‘Погледнете колку е неверојатно. Ви благодарам Poosh и Little House of Confections. Ви благодарам Кортни! Колку е убаво, едвај чекам да го изедам.