Фотографијата од Ким Јонг Ун во стаклен ковчег го збуни целиот свет: Додека кружат вести за неговата смрт, Севрна Кореја МОЛЧИ!

26 април, 20200
kim jong

Ким Jонг Ун е главна тема во светот поради гласините за неговото лошо здравје и дури и за непотврдената информација дека починал, а масло на огнот додаваат и социјалните медиуми на кои се појави фотографија од лидерот на Северна Кореја во стаклен ковчег.

Поточно, матната фотографија прикажува лице кое личи на севернокорејскиот лидер како лежи во стакленн ковчег, но нема потврда дали станува збор за фотомонтажа или не.

https://twitter.com/Docology/status/1253931821487796224?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1253931821487796224%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3453653%2Ffotografija-kima-dzong-una-u-staklenom-kovcegu-zbunjuje-svet-dok-kruze-vesti-o-njegovoj-smrti-severna-koreja-cuti

Во меѓувреме, веста за Ким Јонг-Ун не престана да ги пополнува насловните страници со прилично контрадикторни информации, почнувајќи од тоа дека е пропаганда и лага, па сè до неговата мозочна смрт, па дури и повлекување од јавноста заради корона вирусот.

Паралелно, државниот весник Родонг Синмун денеска објави дека севернокорејскиот лидер испратил благодарност до градежните работници кои работат на модернизација на градот Самјонг.

Ким последен пат беше виден во јавноста на 11 април, по што наводно имал операција на срце.

Осврнувајќи се на еден од директорите на ХКСТВ во Хонг Конг, американскиот „New York Post “ пишува дека, според информациите од „многу сигурен извор“ Ким Jонг-Ун починал.

„International business time“ прецизира дека потпретседателката на ХКСТВ, на кинеската социјална мрежа „Veibo“ објавила соопштување за смртта на лидерот на Северна Кореја, на која ја следат повеќе од 15 милиони луѓе.

Нејзините следбеници не само што ја споделуваат објавата, туку и фотографијата на Ким Јонг Ун, на која наводно лежи во стаклен ковчег.

Сепак, јапонскиот весник Шукан Гендаи информира дека лидерот на Северна Кореја е жив, но е во „вегетативна состојба“ по операцијата на срцето. Весникот ја објави и приказната на кинески експерт, кој, наводно дознал од лекарите од Северна Кореја дека Ким Јонг Ун на почетокот на април „се фатил за градите и паднал“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi