И по смртта Ескобар прави големи проблеми во Колумбија: неговите нилски коњи се вистински кошмар!

20 мај, 20200
escobar

Нарко кралот Пабло Ескобар на врвот на својата моќ набавил нилски коњи за својата приватна зоолошка градина. Четириесет години подоцна џиновските животни слободно се размножуваат и никој не знае што да прави со нив.

Ветеринарот Карлос Валдерам е првиот човек на светот кој кастрирал див нилски коњ. Животното било толку тешко што морале да го креваат со кран.

И сето тоа се случува во Колумбија, илјадници километри далеку од родниот крај на нилските коњи.

Оставината на Ескобар

По смртта на Ескобар, ранчот на кој живееле животните бил напуштен. Некои од животните биле префрлени во зоолошки градини, но таму немало место за агресивните нилски коњи. Се верува дека при еден обид за транспорт еден мажјак избегал и така започнала приказната.

Нилските коњи ја сакаат Колубија

Сега никој не знае што да прави. Локалната управа тврди дека на слобода има меѓу 65 и 80 нилски коњи и дека за десет години може да бидат 150, бидејќи во Колумбија се чувствуваат добро и се размножуваат без проблем.

Најголемиот број од нив живеат во близина на хациендара на Ескобар, а еден дел е населен по текот на реката Рио Магдалена каде што седат во текот на денот, а навечер излегуваат на копно.

Нилските коњи немаат природни непријатели. Во Колумбија најопасните животни се јагуарите, но тие немаат шанси против нилските коњи. Во Африка редовните суши го ограничуваат размножувањето на нилските коњи, но во Колумбија нема суши. Животните се во идеална средина.

Се било во ред додека луѓето не почнале да се жалат дека нилските коњи не им дозволуваат да рибарат во реката, па дури и дека им ги убивале домашните животни. Околните села се во паника.

Џинови и џиновски отпад

Нилските коњи на територијата на Колумбија произведуваат многу отпад- од изметот, па до останати материи. Многу бактерии се хранат со овој биолошки отпад, кој го намалува нивото на кислород во водата, а резултат на тоа е голем помор на риби.

Што да се прави?

Тешко е да се прави контрола бидејќи нилските коњи се територијални животни, агресивни се и поголемиот дел од животот го минуваат во вода, па така нивното контролирање е тешко, скапо и опасно.

Неколку помлади и полесни нилски коњи се стерилизирани, но и тоа претставува комплициран и скап зафат. Не е лесно да се смири огромно животно, а што е подолга наркозата, толку е поопасно нилскиот коњ да умре. Во зоолошките градини не ги сакаат нилските коњи бидејќи се скапи и зафаќаат голем простор. А транспорт до Африка не е опција бидејќи африканските земји го одбиваат увозот заради можни зарази.

Нема пари, нема резервати

Останува уште масовното убивање на животните. Но, кога во 2009 година војската морала да убие агресивен мажјак, веднаш имало јавни протести.

Сите мислат дека нилските коњи се симпатични дебели животни, но локалното население не ги сака овие комшии кои им ги уништуваат оградите и им ја плашат стоката.

Идеално би било да се создаде резерват во кој би се контролирало размножувањето. Но сега за сега таа опција не е возможна без меѓународна финансиска поддршка. А во момент на пандемија и затворени граници, помошта не е возможна.

Така, наследството на Ескобар во Колумбија си се множи без проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi