Моментот во кој принцезата Дијана во потполност изгуби контрола!

29 јули, 2020
dijana

Поминаа речиси 23 години од трагичната смрт на принцезата Дајана, но сепак, за деталите од нејзиниот живот сè уште често се пишува, а оние што се поврзани со нејзиниот брак со принцот Чарлс, се секако, најинтригантни. Woman UK исто така пишува за нив, и наведува дека принцезата целосно ја изгубила контролата кон крајот на бракот.

princeza diana

Имено, принцезата од Велс и британскиот наследник на престолот го завршија нивниот брак во 1996 година, откако самиот Чарлс признал дека ја измамил со неговата тогашна љубовница, Камила Паркер. Сепак, во приватниот разговор што Лејди Ди го имаше со својата пријателка Џејмс Гилби, кој заврши во јавноста, беше јасно дека и пред официјалниот крај, саканата принцеза била на работ на нервите.

Princeza Diana

Во споменатиот разговор, Дајана се пожалила од Чарлс, но и од остатокот од кралското семејство и ги проколнуваше. „Тие го направија мојот живот хорор. Одлучив.“, принцезата започна за нејзиниот сопруг, а потоа се осврна на врската со свекрвата, кралицата Елизабета Втора. „Јас дури и не би рекла дека ме мрази. Тоа е повеќе мешавина на сожалување и потсмевање во исто време“, изјавила принцезата во тоа време, која не се двоумела да употреби пцуење за да потенцира дека доволно претрпела во тоа семејство.

Princeza Diana

Патем, целиот разговор се случил во раните 90-ти, неколку години пред палатата официјално да го поврди разводот на кралската двојка, која била во брак од 1981 година и имала два сина, денес 38-годишниот принц Вилијам и три години помладиот принц Хери.