Можат ли засладувачите навистина да помогнат за слабеење?

26 август, 2020
шеќер

Ако не можете без благо, а се борите со вишок килограми сигурно сте истражувале дали постои приближно вкусна и здрава алтернатива.

Благото е разноврсна замена за шеќерите ( природни или вештачки)  кои служат за засладување на нискокалорични производи, пијалоци или производи за дијабетичари. Се користат и во пекарство и во слаткарниците, бидејќи имаат пожелни својства, како стабилност при различни температури.

По хемијска дефиниција, засладувачите не се шеќери. По таа дефиниија во засладувачи не спаѓаат кокосов шеќер, мед, агаве сируп и останати сслични производи, бидејќи сите тие содржат некој вид на шеќери.

Од друга страна, засладувачите го доловуваат чуството на благо, бидејќи ги активираат вкусните сетила на јазикот, но сами по себе немаат никаква или имаат многу мала енергетска вредност, бидејќи во организмот не се разградуваат исто како и шеќерите. Некои замени за шеќер може да имаат лаксативен епилог затоа е добро да се провери амбалажата пред употреба.

Засладувачите се делат на вештачки и замени за шеќер. Во вештачките спаѓаат аспартам, сахарин и цикламинска киселина. Додека во замените за шеќер сорбитол, ксилитол и манитол.