Не можеше да сокрие како се чувствува: Канје двапати за неколку дена направи Ким да се чувствува ужасно

24 февруари, 20200
a

Раперот и дизајнер Канје Вест е познат како егоцентричен, но многумина веруваа дека кога станува збор за неговата поубава половина, умее понекогаш да размислува и за другите. Судејќи според најновите снимки на славната двојка, биле во заблуда. Дури двапати оваа недела, Канје се однесуваше неџентламенски кон Ким Кардашијан, а нејзините обожаватели се лути и огорчени што раперот, со кого има четири деца, ја доведе во таква непријатна ситуација во јавноста.

Прво, Вест на кошаркарскиот натпревар не ѝ возврати со бакнеж кога се најдоа во кадарот на т.н. камера за бакнежи, поради што многумина го критикуваа на социјалните мрежи. На ѕвездата и беше видно непријатно, цело време насмевнувајќи се малку вештачки.

Вториот „инцидент“ предизвика иста полемика. На социјалните мрежи се појави видео од нивниот одмор во Париз, каде парот се бакнува во лифт, а потоа Канје излегува и ја остава сопругата самата да ги носи ќесите, ниту застана за да ја задржи вратата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *