Ова е најреткиот вид на личности во светот кој сочинува само 1% од популацијата: Дали сте мешу нив?

11 ноември, 2020
madhen-17739111920-830x0


Овие луѓе по природа се смирени и уверени во своите верувања, а исто така им е изразена карактеристика дека секогаш се подготвени да им помагаат на другите луѓе. Овој уникатен тип на личност е обележан со кратенката INFJ, а откриен е со тестот Myers Bridges создаден од познатиот психијатар Карл Јунг. Денес, овој тест го проценува психолошкиот профил на една личност и неговото созревање. Со своите четири скали, можеме, на пример, да разбереме како гледаме на светот, како го согледуваме она што нè опкружува и како се однесуваме едни со други.

Тој се заснова на 8 типа на екстравертна личност и 8 типа на интровертна личност, а INFJ е најневообичаен од сите други.

Ова се главните карактеристики на таквите луѓе:

Тие се фокусирани на помагање на другите

Тие имаат идеалистички пристап и силно чувство на добро и зло. Една од нивните најексплицитни цели е да им помагаат на другите, но тие не се ограничуваат на „спасување“ на луѓето од тешки ситуации, туку и ги инспирираат, им помагаат во само-подобрување и развој. Тие се дружат многу лесно и се одлични во меѓучовечките односи. Сепак, тие многу се грижат за времето поминато во интеракција со другите. За да ја обноват својата енергија, им треба доза на личен простор и осаменост.

Тие знаат да сонуваат INFJ се немилосрдни сонувачи. Сепак, нивните соништа не спаѓаат во категоријата чудесни и невозможни, како обичните пасивни сонувачи, чиј идеализам е толку лесен, што дури и силен налет на ветер може да го однесе. Сосема спротивното. Тие сонуваат конструктивно и наменски, често реализирајќи ги своите соништа.

Во работната средина, овие луѓе секогаш покажуваат независност, ориентација кон целите, висока креативност и многу интуиција. Тие исто така често се интересираат за уметност и наука.