Посвоени од славни личности, им падна секирата во мед!

22 јуни, 20200
043bd5f31319288091f3

И покрај тоа што се биолошки родители, славните личности сакаат својата љубов и внимание да им ги посветат и на оние на кои им е најпотребна. Поради тоа многу деца среќно завршиле во домовите на холивудските ѕвезди како на пример:

Шарлиз Терон

Актерката со потекло од Јужна Африка е самохрана мајка на 2 деца. Постариот Џексон го посвоила во 2012 година, а потоа и ќерката Август во 2015 година. Таа во 2019 година изјави дека Џексон расте како трансродна личност и дека ја има нејзината целосна подршка.

Катерин Хегел

Актерката од серијата „Вовед во анатомија“ има две посвоени ќерки со својот сопруг, Џошуа Кели и тоа Налеиг од Јужна Кореа и Аделаида од САД. Катерин рекла дека отсекогаш сакала да посвои дете бидејќи од секогаш сакала да биде мајка. Парот има и биолошки син Џош.

Виола Дејвис

Виола станала мајка кога во 2011 година заедно со својот сопруг Џулиус Тенон ја посвоиле ќерката Џенесис.

Сандра Булок

Оскаровката го посвои своето прво дете, синот Луис во 2011 година од Њу Орлеанс непосредно по катастрофата предизвикана од ураганот Катрин. Сандра ја има посвоено и ќерката Лејла во 2015 година, и е самохрана мајка.

Дајен Китон

Дајен докажала дека никогаш не е касно да се стане мајка. Својата ќерка Декстер славната актерка ја посвоила во 1996 година кога имала 50 години. Пет години подоцна го посвоила и синот Дјук.

Мадона

4 од 6-те деца на Мадона се посвоени од Малави. Прво го посвоила синот Дејвид во 2006 година, па ќерката Мерси во 2009 и близнаците Естер и Стела во 2017 година. Како знак на благодарност, Мадона помогнала при изградбата на детска болница во Малави, и и ја посветила на својата ќерка Мерси Џејмс. Мадона има и 2 биолошки деца, ќерката Лордс со поранешниот дечко Карлос Леон и синот Роко од бракот со познатиот режисер Гај Ричи.

Денис Ричардс

Таа е посветена мајка на 3 ќерки, од кои една е посвоена. Денис своите први две деца ги има од бракот со актерот Чарли Шин, додека третата ќерка Елојс ја посвоила во 2011 година кога била сама. Минатата година актерката откри дека Елоис е дете со посебни потреби поради кромозомски пореметувања.

Шерон Стоун

Синот Роан го посвоила во 2000 година откако дознала дека е невозможно да има деца по природен пат. Потоа посвоила уште два сина Лерд и Квин во 2005 односно 2006 година.

Хју Џекман

Актерот заедно со својата сопруга Дебора Ли Фурнес одлучиле да посвојат дете откако Дебора имала 2 спонтани абортуса. Како резултат на тоа сега се среќни родители на синот Оскар и ќерката Ева.

Џејми Ли Кертис

Актерката со својот сопруг одлучиле да посвојат дете откако имале проблеми со зачнувањето неколку години. Денес Кертис е мајка на ќерката Ани и синот Томас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *