Шведската марка Кос лансираше платформа за користена облека

9 септември, 2020
cos8

Брендот во сопственост на H&M започна со Интернет „продавница“ каде клиентите можат да препродаваат облека што веќе ја купиле од нив, што го прави овој нов чекор кон модната сцена.

H&M воведе онлајн услуга за својот бренд Cos преку која клиентите можат да препродаваат облека што веќе ја купиле од нив во продавницата.

– Сакаме клиентите да имаат можност да ја менуваат облеката и гардеробата на одржлив начин – објавија од H&M.;

Овој проект е дел од нивната политика за движење кон одржлив дизајн и намалување на модниот отпад. За секое купување меѓу клиентите, Кос ќе земе околу 10%.

Опцијата моментално е достапна во Германија и Велика Британија и ќе работи во сите земји во светот оваа есен.

– Планираме Кос да стане целосно одржлив бренд и разгледуваме иновативни начини да ја дизајнираме нашата гардероба и да го продолжиме нашиот бизнис. Со овие акции, ние се обидуваме да го продолжиме векот на траење на облеката – посочуваат од H&M;, објави Insideretail.

escort - Korsan taksi