Таткото на Лејди Гага моли за пари: морам да ги исплатам платите на работниците

31 март, 20200
Лејди Гага и Џозеф Германота

“Сигурен сум дека ќерка ти и тоа како може да помогне, особено сега кога не е зафатена ниту со издавање нов албум, ниту со концерти. И двајцата сте богати, ова е многу одвратно” -е само еден од коментарите упатени на таткото на Лејди Гага.
Џозеф Германота побарал хуманитарна помош и ги замолил луѓето да му донираат 50.000 долари за да ги исплати работниците и да ги подмири работните обврски кон својот ресторан кој во моментов е затворен.
“Винс и Еди” е ресторанот кој во 2011 година му го купила ќерката, која го смета својот татко како најзаслужен за нејзиниот успех. Затоа со години половина од својата заработувачка ја префрлувала на негова сметка.
Ресторанот е еден од најпосетуваните во Њујорк, а бидејќи градот има најмногу заразени со Коронавирус, Џо бил приморан да го затвори. Отпуштил 30 работници и на социјалните мрежи започнал кампања за собирање средства, што ја згрозило јавноста.
– Моравме да го затвориме ресторанот, а на нашите вработени им се потребни пари. Секоја помош за вработените е добредојдена- напишал на неговата објава која набрзо била избришана.

Иако звучи неверојатно, Гага во Њујорк нема свој стан и кога престојува во градот, спие кај родителите во собата во која го поминала детството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *