Дали Петре го имитира Трамп? Вреѓа кого сака и мува не го лази. Петре за преЦедник на САД!!!

15 мај, 2020

Откако на новинарите им се „пожали“ дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев бил „лудак“ и „ненормален“, Петре Шилегов повторно си го покажа вистинското лице на дело.

Скопскиот градоначалник овојпат не се штедеше во простатилукот кон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Владо Мисајловски на социјалните мрежи индиректно го обвини Шилегов за злоупотребени огромни пари за тревникот на главниот плоштад во Скопје.
По ваквите обвинувања скопскиот градоначачник во своето гостување на ТВ 24 упати прилично груби зборови, нарекувајќи Владо Мисајловски „шарлатан“, „хохштаплер“ и „полуписмен примитивец“. Од телевизијата се оградија од ваквиот недоличен речник на Шилегов, сметајки дека не е во ред човек кој е на функција воопшто и да смее јавно и преку медиум да го користи.

“Мисајловски за мене е обичен шалабајзер и шарлатан. Да правиш селфи на плоштад и да тврдиш дека тревата чини 538.000 евра, тоа значи дека си шарлатан, хохштаплер, полуписмен примитивец. Со класична лага сака да ќари политички поени”, рече Шилегов.

До крајот на емисијата тој уште еднаш повтори дека работите треба да се наречат со нивното вистинско име.

“Подготвен сум да примам критики. Но, потпретседател на политичка партија да пласира лажна вест, тој е шалабајзер, не е политичар. Во земјава треба да престанеме со двојните аршини. Таквите луѓе конечно треба да бидат наречени со нивното вистинско име, шарлатани”, рече Шилегов.

Тој дури истакна дека стои зад свиоите зборови, па дури и ги повтори навредите кон министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

На овие негови навреди реагираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје и објави соопштение во кое се вели дека кај нив постои вистинска загриженост за менталното здравје на Шилегов.
Зарем ова е речникот и нивото на првиот човек на Град Скопје? Денес јавноста имаше можност и навистина да го види вистинското лице на Шилегов нешто за кое ние говоревме многупати. Може да се заклучи дека овој човек има навистина проблем со вистината. Скопје наместо градски татко, доби градски татко кој во својот речник употребува нај недолични и навредливи зборови какви досега нема изговорено ниту еден политичар. Како советничка група сериозно сме загрижени за здравјето на градоначалникот Шилегов, предлагаме сериозно да си поработи на своето ментално здравје. Сепак здравјето пред сè, а слоганот седи дома, може буквално треба да го примени и овој функционер. Фактите говорат дека Петре Шилегов е единствено рекордер не по работа туку по најскапо платената трева во светот, дури поскапо од таа на Вимболдон. Секогаш кога има недостаток на аргументи Шилегов преоѓа на навреди. Тоа е елементарна култура која се стекнува во првите години од животот. Очигледно и за жал на скопјани, Шилегов ги прескокнал тие лекции. Скопјани заслужуваат многу повеќе, наведено е во соопштението.

По овој недоличен настап веќе втор пат, без нималку срам од страна на Петре Шилегов, останува институциите да реагираат. Одговорност за говорот на омраза мора да има. Во ниту една демократска земја, навреди и клевета од ваков тип не се случиле и не е дозволиво.