Кавасаки синдромот се јавува и кај возрасни лица!

26 мај, 20200
кавасаки

Неодамнешните предупредувања за тешкиот и мистериозен воспалителен синдром поврзан со Ковид-19 се фокусирани на децата. Но некои лекари тврдат дека приметиле болест слична на болеста Кавасаки и кај неколку млади возрасни лица.

Дваесет и пет годишен маж се лекува од оваа сосотојба во Сан Диего, а неколку пациенти во своите 20ти години се хоспитализирани со овој синдром во Њујорк.

Малите деца имаат симптоми кои многу потсетуваат на Кавасаки која се карактеризира со воспаление на крвните садови. Но тинејџерите имаат потешки форми кои вклучуваат и проблеми со срцето и со други органи. Состојбата кај возрасни лица не може лесно да се дијагностицира. Докторите кои ги лекуваат возрасните се соочуваат со голем предизвик бидејќи никогаш претходно не се соочиле со Кавасаки кај возрасни, бидејќи тоа е болест која се јавува кај деца.

Во овој случај треба да се вклучат и докторите-интернисти бидејќи болеста може да дојде од нивната област на лекување.

Новата болест се разликува од она што лекарите го виделе кај деца со Ковид-19.

Кога се појавила оваа болест кај децата, тие веќе имале состојби како активни инфекции од коронавирус и тешко дишење.

Пациентите кои сега се јавуваат се генерално здрави лица кои одеднаш развиваат температура, болки во стомакот и мачнини со повраќање, но и осип. Тоа може да бидат знаци за сериозни проблеми.

Многу од пациентите имаат антитела на коронавирус што покажува дека можеби биле инфицирани неколку недели порано и дека моменталната состојба може да означува одложен имун одговор.

Повеќе од 20 држави пријавиле вакви случаи, а вкупниот број на заразени лица се проценува дека е неколку стотици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi