Американски имунолог предупредува: нема да ја завршиме пандемијата во брзо време, вториот бран ќе биде посилен!

18 мај, 20200
доктор

Вториот бран на коронавирусот кој се очекува наесен ќе биде многу поголем и посилен, предупредуваат светските експерти.

Имунологот др. Мајк Остерхолм, директор на Центарот за исражување на инфективни болести на Универзитетот Минесота, вели дека Ковид-19 нема да исчезне сам по себе.

– Земајќи предвид дека досега само 5 до 20 проценти од популацијата го прележа Ковид-19, наесен следува втор бран кој ќе биде многу потежок и посилен. Без вакцина, која сигурно нема да биде произведена во наредната година, вирусот ќе продолжи да се шири сè додека светската популација не стекне колективен имунитет, а тоа е 60-70 проценти од луѓето во светот кои треба да се заразат. Овој проклет вирус ќе живее сè додека не инфицира се што може, предупредил докторот.

Ова предвидување го заснова врз научна студија во која проучувал четири пандемии во 20 и 21 век: шпанската треска, азискиотт, хонгконшкиот и свинскиот грип. Врз основа на овие истражувања заклучил дека постојат три можни сценарија, од кои најверојатно е она дека следува втор бран наесен.

Епидемиолозите препорачуваат, дека иако вториот бран е извесен, не треба да не фаќа паника, туку да бидеме подготвени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *