Дачиќ се огласи по повод летувањето на Србите во Грција-Внимателно прочитајте ги неговите зборови, тие се однесуваат за Македонија!

11 јуни, 2020
dacic

Од 15 јуни, Грција ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Србија, најави денеска министерот за надворешни работи, Ивица Дациќ,а и Македонија треба да го стори истото, доколку тоа го дозволат епидемиолошките услови, а секако дека ќе се отворат до крајот на месецот.

-“Имаме договор за слободен премин со БиХ, како и со Унгарија и Бугарија. Грција најави дека ќе го примени од 15 јуни. Затоа е важно да се види со Македонија во која насока ќе продолжи и дали луѓето ќе можат да патуваат” – рече Дачиќ во Ниш, каде се сретна со својот колега од Македонија, Никола Димитров. Тој рече дека тие разговарале за олабавување на мерките за корона вирусот.

– “Плановите на Македонија за мене се важни, затоа што нашите планови се јасни – ги отворивме границите, сите странци и граѓаните на Македонија, можат слободно да поминат и да дојдат во Србија, без тестови и изолација, освен ако немаат симптоми на болеста”- рече Дациќ.

Тој додаде дека, имајќи предвид дека ниту Србија ниту Македонија не се „изолирани острови“, важно е да се систематизираат сите одлуки и да се знае кој има какви прописи во регионот, затоа што тоа е она што најмногу ги интересира луѓето. Дачиќ исто така изјави дека Србија и Македонија сакаат да продолжат таму каде што застанале и да ги зајакнат односитe. Тој исто така рече дека разговарале за отстранување на сите непотребни пречки во која било област и потсети на иницијативата „мини Шенген“.

– “Во принцип, треба да се обидеме да пронајдеме заеднички јазик, имајќи ја во предвид богатата историја на нашите односи и пријателството на нашите народи.” – рече Дачиќ.

Тој вели дека Србија ја поздравува одлуката на ЕУ да ги започне преговорите за членството на Македонија и посочува дека целиот процес треба да оди побрзо.

– “Но, тоа е многу тешко.” – додаде Дачиќ.

Димитров додаде: “Разговаравме за ЕУ “​​- и Дациќ на шега рече: “Штом ја спомнав ЕУ, тие веднаш ме предупредуваат”.

– “Сè е во ред, ние ја поддржуваме ЕУ” – додаде Дачиќ.

Дачиќ рече дека му е драго што се состанале и дека ќе продолжат билатералните состаноци, како и што тој ќе биде во Италија утре, а во Грција денот потоа, каде ќе разговара со грчкиот министер Никос Дендијас.

– “Меѓу другото, планираме и да направиме трилатерална средба Грција – Македонија – Србија, која Дендијас планира да ја направи во Крф” – рече Дачиќ.