Ковид се лекува со крвна плазма: “За многумина непознато, но функционира”

18 август, 2020
krvna plazma

Досега повеќе од 200 пациенти биле третирани со крвна плазма на оние кои прележале ковид и имаат антитела, а собрани се повеќе од 1.100 единици плазма.

Foto: Getty Images, Buda Mendes / Staff

Од почетокот на април, Институтот за трансфузија на крв во Србија започна да собира плазма од пациенти кои прележале ковид и имаат антитела во крвта. Наскоро на нив им се придружи и Институтот за трансфузија на крв на Војводина, а во системот се планира да ги вклучи Ниш, Крагујевац и Ужице.

Милица Јовиќ од Институтот за трансфузија на крв на Србија изјави дека првите резултати во светот покажуваат дека ефектите од примената на антиковид плазма се добри.

Се додава дека плазмата обично се користи за лекување на најтешките пациенти, кои се исто така и на други видови на терапија и дека е потребно време да се процени кој е ефектот од терапијата.

„Има многу непознати во секој аспект“, рече Јовиќ, но додаде дека ефектите од третманот со плазма се секако позитивни и дека резултатите ширум светот во моментот го покажуваат тоа.