ЛЕТНИОТ ОДМОР (ако го имаме воопшто) ЌЕ БИДЕ НАЈЕВТИН ДО СЕГА! Субвенции за летување и “вртоглаво” ПАЃАЊЕ на ЦЕНИТЕ ќе бидат единствената придобивка од “нашиов циркус”

8 јуни, 20200
leto

Кoроната дојде и протатна, предизвика здравствени и економски немири и ги остави во чудо жителите на Хвар. Цените на коктелите се намалија од 50 куни (близу 400 денари) на 25 куни (200 денари), а една ноќ оваа сезона чини само седум или осум евра.

На крајот на минатата недела, кафулињата на познатиот хрватски остров беа скоро празни, а само две едрилици се закотвија во пристаништето. Според локалните медиуми, никој не ја следи веста за короната како жителите на Хвар.

Еве што ги загрижува: ако дојде до целосна револуција во САД, домаќините ќе останат без неколкуте гости од Америка на кои сметаа.

Од туристичка гледна точка, кон средината на јуни – тоа е како ноември таму. Само 5 отсто од рестораните се отворени и нема катамарани, затоа што не им се исплати заради еден човек да ги палат моторите.

Можеби веќе нема многу смисла да се спореди оваа и претходната година, бидејќи пандемијата ги погоди скоро сите сектори и сегменти на општеството, но во летото 2019 година, на пример, Хвар беше полн со туристи.

– Не верувам дека ќе ги наполниме капацитетите со Унгарци, Чеси и Полјаци. Затоа ова е можеби огромна можност Хвар да размисли внимателно за стратегијата и да го дефинира туристичкиот правец – вели Јошко Росо.
Тео Јеличиќ, потпретседател на градскиот совет на Хвар, изјавува дека „Бразилците, Американците, Австралијците, Азијците и Англичаните го сочинувале повеќе од 85 отсто од ноќевањата во минатата година“, но сега, од јасни причини, тие не постојат.

Слично е и во Сицилија, особено затоа што Италија беше најтешко погодената европска земја за време на епидемијата. Овој остров се обидува да привлече туристи давајќи по еден гратис за секои три платени ноќевања.

Медитеранот, патем, е домаќин на 350 милиони гости, но сега сите се свесни дека во 2020 година нема да можат да одговорат на успехот од 2019 година, и претходните години. Шпанија исто така има посебни активности: објавува аранжмани за двајца, по цена на едно лице.

Турција, позната по ниските цени, се прашува дали може да оди дури и пониско, во обид да ги анимира туристите, а оваа година се соочува со милион и пол празни хотелски кревети. Оваа земја сметаше дека во 2020 година ќе има 58 милиони гости.

Словенија доделува ваучери од 200 евра за одмори во земјата, а слични придобивки нудат и Јапонија, Германија и Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi