Виктор Орбан повторно го дигна целиот Балкан на нозе. Денес се навршуваат 100 години од потпишувањето на Версајскиот договор

4 јуни, 20200
balkan 2

4 Јуни 2020 година е изрезбан на споменик кој никна точно на тромеѓето помеѓу Унгарија,  Србија и Романија. Ден што сите во Унгарија го сметаат за најцрн во нивната историја.

На денешен ден точно пред 100 години, во дворецот Трианон во Версај, беше потпишан Версајскиот договор, што значеше и распад на Австро-Унгарското кралство и значително намалување на неговата територија. Тоа воедно беше и крај на Првата Светска војна, за која големите сили директно ја обвинија Австро-Унгарија. Со тоа, Унгарија беше приморана да отстапи две третиниод својата територија како и половина од своето мулти-етничко население. Околу три милиони Унгарци останаа надвор од границите на денешна Унгарија, и станаа дел или малцинство во соседните држави, како Словенија, Хрватска, Романија, Србија и Украина.

“Западот не предаде”- изјави Чаба Пол Шабо, директорот на Трианонскиот муузеј во Сегедин, потенцирајќи дека големите сили неправедно ја казниле Унгарија во Версај. “Границите не ја отсликуваа реалната состојба на теренот”- изјави Чаба на овој за него тажен датум.

Унгарскиот челник помеѓу двете светски војни, Миклош Хорти, влезе во сојуз со нацистичка Германија, а се со цел да ги поврати границите на “природна” Унгарија, но безуспешно.

За време на комунизмот никој во Унгарија не смеел ни да спомне било што поврзано со договорот од Версај, а уште помалку за Унгарското малцинство во соседството, за да не ги наруши братските односи со комунистите од другата страна на границата.

Денес од Унгарското малцинство во соседните држави е останато отприлика 2 милиони Унгарци. Намалена е бројката пред се заради миграција како и асимилација на населението низ годините.

По преземањето на власта во 2010 та година Орбан започна со ненаметлива национална политика, а со цел за се-унгарска соработка ос сите страни на границите со Унгарија,прогласувајќи го 4 Јуни како Ден на Национално Единство. Орбан “раздаде” милиони Унгарски пасоши на свои сонародници во сите соседни држави, а истите со големо задоволство му вратија на сите досегашни избори, гласајќи за неговата партија Фидеш.

Неговиот сон за Голема Унгарија , велат не стивнал. Тој наскоро ќе открие и споменик на кој ќе бидат испишани сите градови и села од “поранешната т.н Австро-Унгарија”, без разлика што неговите соседи се лутат на неговите постапки. Последен “инцидент” беше и картата што за матура во Унгарија ја промовираше Орбан, со делови од териториите на Словенија и Хрватска, како и Трансилванија во Романија.

Но Виктор Орбан не е сам, во целиот проект Голема Унгарија. На една минута молк денес ќе повика и актуелниот градоначалник на Будимпешта, иначе дел од опозицијата на Орбан.

“Нејасно е како Унгарија сето ова ќе го преболи”- заврши историчарот Габор Егри, оставајќи сигурно простор за некои понатамошни “отварања”, на сеуште недовршени Балкански прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi