Британските научници смислиле инхалатор против вирусот корона

27 мај, 20200
Насловна

Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон измислиле нов инхалатор кој треба да им помогне на лицата заразени со вирусот корона да се борат со КОВИД-19 во раните фази на болеста.

Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога се појавува вирусна инфекција, пренесува лондонскиот „The Sun“.

Интерферон бета, кој го зајакнува имунитетниот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на една студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можноста за ублажување на симптомите на KОВИД-19.

Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага да се потиснат ефектите на вирусот корона, што, научниците се надеваат, треба да го спречат развојот на болеста до фатален исход.

Тестирањето на инхалаторите започна денес, а наскоро ќе заврши тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти.

Доколку овие тестови се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерген“ ќе издаде милиони дози на овој лек годинава, пренесува „The Sun“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *