Бројката се повеќе расте: Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија- еве колку лица починаа

16 мај, 20200
Screenshot_2020-05-16 Бројката се повеќе расте Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија- еве колку лица починаа

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 601, активни 134
•       Куманово – 414, активни 44
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-35, активни 1
•       Прилеп –197, активни 65
•       Тетово – 137, активни 74
•       Струга – 69, активни 4
•       Велес – 114, активни 48
•       Битола –26, активни 7
•       Охрид –18, активни 3
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –19, активни 2
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 2, активни 0
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 4
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2, активни 0
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1

Направените 462 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –10, Биотек -35, Филип Втори (Жан Митрев) –94, Систина со PCR метода  -4 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *