Бројките ги демантираат Заев и Филипче: Mакедонија најлошо се справува со короната од земјите во регионот

18 мај, 20200
заев

Иако власта на секаков начин се обидува да покаже дека успешно се справува со корона вирусот и оти дошло време за избори, бројките го кажуваат спротивното и воопшто не одат во прилог на овие тврдења.

Статистиката на worldmeters.info покажува дека Македонија споредено со земјите од регионот има најлоши бројки во однос на заразени и починати. Досега имаме над 1792  заразени лица и  100 починати. Тоа ни оддалеку не се добри бројки, а најмалку податоци со кои власта бара да се оди на избори.

Ако се гледа на милион жители, и тогаш бројките се поразителни. Така би имале 860 заразени и 48 починати.

Словенија на пример има само еден новозаразен и тоа на 33.000 тестирања и речиси ист број жители, Хрватска само двајца нови случаи, а Грција само пет. Бугарија со седум милиони жители има само 36 нови случаи, а Србија со осум милиони 114 новозаразени.

Сиве овие податоци сигурно ќе се најдат на маса на лидерската средба денеска и веројатно ќе допрат до разумот на Заев дека брзи избори значат организирано убиство на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi