Човек тврдел дека жена го злоставувала, но на крајот признал грозоморно дело: Ја силувал со секс играчка!

14 август, 20200
trish-nigel-muz-silovao-zenu-830x0

Гледачите кои го гледаа документарецот за фаќање сексуални престапници, се запрепастија кога една жена раскажа како нејзиниот сопруг ја силувал со секс играчка.

Триш ѝ кажала на полицијата во документарецот на Канал 4 „Фаќање на сексуален престапник“ дека нејзиниот сопруг ја врзал во нивниот дом, ѝ завиткал јаже околу вратот и ја силувал со секс играчка.

Исплашена за сопствениот живот, таа потоа избегала од дома и ја повикала полицијата барајќи помош, пренесува британски „Mirror“.

Кога полицијата го пронашле Триш, тие влегле во куќата и го нашле нејзиниот сопруг Најџел како се обидува да се обеси.

Најџел признал што направил и детално го опишал настанотопишал на полицијата.

Тој првично тврдел дека неговата сопруга го злоставувала ментално и физички и дека на крајот „пукнал“.

На крајот, тој призна дека се гади од тоа што го сторил.

Знаејќи дека признанието може да не биде прифатено на суд поради неговиот неодамнешен обид да си го одземе животот, полицијата го смирила и му рече да почека додека не пристигнат во полициската станица.

Сепак, Најџел одбил да даде какви било информации за време на официјалниот разговор, велејќи дека „нема коментар“.

Подоцна тврделдека немал намера да ја силува и дека таа всушност го злоставувала, дека таа го заклучила во барака и му се заканувала.

Сепак, тој подоцна се изјаснил за виновен за сите девет точки на обвинението.

Триш се сетила како нејзиниот сопруг и се заканувал таа вечер.

  • Тој постојано велеше: „Вечерва ќе умреш“. Сè што сакам да ти направам, ќе прифатиш без оглед на се – рече Триш.

Како што рече таа, тој се заканил дека ќе ѝ стави нож во неа, и се плашела дека нема да преживее таа ноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *