Дали има причина за загриженост? Научниците откриле шест потполно нови видови на коронавируси кај лилјаците!

11 април, 20200
liljak 2

Научниците откриле шест нови видови на коронавируси кај лилјаците во Мјанмар. Овие вируси не се од истото генетско семејтво како САРС-КоВ-2 кој е моментално актуелен, како ни од двата други коронавируси кои предизвикуваат тешки инфекции кај луѓето- САРС и МЕРС.

Лилјаците и коронавирусите

Новите видови на коронавируси се откриени во текот на прегледите на лилјаци во Мајнмар во сколп на тамошната владина програма со која се прават обиди за идентификување на болеста која се пренесува од животни на луѓе. Лилјаците се главен предмет на истражување бидејќи овие цицачи можат да бидат носители на неколку илјади видови на коронавируси, пишува Live Science.

За САРС-КоВ-2 кој ја предизвикува болеста КОВИД-19 се смета дека потекнува од лилјаци, а пред да почне да се шири меѓу луѓето веројатно имал друг посредник.

Меѓу 2016 и 2018 година научниците собрале стотици примероци на плунка и измет од 464 лилјаци од 11 различни видови. Примероците ги земале на три различни локации во Мјанмар кадешто луѓето се во близок контакт со лилјаци заради рекреација, културни активности или земјоделски потреби.

Две од трите локации биле карпи каде луѓето доаѓаат во контакт со лилјаците, бил земан измет кој луѓето го користеле како ѓубриво или заради некои религиски обичаи или туризам.

Анализирани се генетски секвенци од примероците кои се споредувани со геномите на познатите коронавируси. Новите вируси се пронајдени кај три вида на лилјаци. Scotophitus heathi е домаќин на вирусот PREDICT-CoV-90, Chaerephon plicatus е носител на вирусот PREDICT-CoV-47 и -82, додека пак лилјакот Hipposideros larvatus бил носител на PREDICT-CoV-92, -93 и -96.

Понатамошните истражувања ќе покажат дали постои можност овие шест новооткриени вируси да поминат на други видови животни и како можат да влијаат на човечкото здравје.

Ризик за луѓето

Многу коронавируси не претставуваат ризик за луѓето, но кога болеста ќе се открие доволно рано кај животните, научниците можат да ја истражат потенцијалната опасност.

Бидејќи контактот меѓу луѓето и животните е се почест, колку повеќе знаат научниците за вирусите кај животните (како мутираат и се пренесуваат на други видови), толку поефикасно ќе се намали можноста за нова пандемија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi