Дали веќе почна? Во Библијата убаво пишува што се треба да се случи пред второто доаѓање Исус Христос на планетата Земја!

19 мај, 20200
biblij

Многумина мислат дека периодот на „голема неволја“ започна со пандемија на корона вирусот.

Крајот на светот ќе биде обележан со Големата неволја, односно Судниот ден и воскресението на Исус Христос, тврди истакнат американски научник, специјализиран за толкување на Библијата.

Имено, Библијата опишува низа настани што ќе следуваат во последните денови на планетата и му претходи на Второто доаѓање на Исус Христос.

Иако Библијата не го специфицира точниот датум кога ќе се случи тоа, професорот Том Мејер, познат како „човекот кој ја познава Библијата од срце“, е сигурен дека отчукувањто на часовникот веќе започна.

Во интервју за британскиот „Експрес“, тој посочи дека ќе се води вистинска битка на Земјата во последните денови.

– Денот на судот не смее да се меша со Второто Христово доаѓање. Вознесението на црквата е неизбежно, може да се случи во секој момент – посочува тој.

Како што кажува проф. Мајер, Исус Христос ќе се појави на небото за време на Судниот ден и ќе ги воскресне мртвите христијани и ќе ги однесе на рајот. Таму тој подготвилпростор за нив, како што е наведено во евангелието на Јован.

Сепак, тоа нема да го означи Второто доаѓање.

Наводно, после тоа, започнува седумгодишен период познат како „неволја“,кој ќе биде поделен на две половини од 42 месеци.

Во првата половина, жителите на планетата ќе имаат чувство дека Антихристот управува со светот.

– Она што во моментов се случува е само почеток. Втората половина на седумгодишната неволја ќе се карактеризира како голема мака, која не се памети од почетокот на светот до денес, ниту пак ќе биде. Ќе биде толку лошо што Христос рече дека „освен ако времето на несреќата не се скрати на седум години, никој нема да преживее“ – посочува тој.

Сепак, како што нагласи, никој не знае како ќе се одвиваат тие „последни денови“  за човештвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi