Додека сурфал бил нападнат од ајкула… Тој е прогласен за мртов на лице место

11 мај, 20200
ajkula-napad

Пред плажата е поставено предупредување за напад од ајкули

Младиот сурфер Бен Кели (26) бил убиен во напад на ајкула во близина на Санта Круз, Калифорнија во саботата, потврдија властите.

Нападот бил пријавен околу 01:30 часот по полноќ.

– Маж додека сурфал бил нападнат од непознат вид ајкула. Жртвата е прогласена за мртва на лице место – соопштиле од канцеларијата на шерифот.

Делот од плажата северно и јужно од нападот ќе биде затворен за пет дена, како дел од протоколот што се превзема кога ќе се случи напад на ајкула.

– Поставени се знаци за предупредување од ајкула на приодите кон плажа за луѓето да бидат внимателни – додаваат од канцеларијата.

Минатата година, забележано е зголемување на нападите на ајкули, од 32 жртви во 2018 година на 41 во 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi