Еве зошто дури една третина од тестовите за антитела на корона вирус се лажно негативни

6 јули, 20200
kovid 1

Постојат малку докази кои укажуваат на точноста на крвните тестови за антитела на коронавирус, се наведува во најновиот научен извештај, објавува „Дејли меил“.

Истражувачите разгледале десетици студии кои испитувале тестови за антитела кои утврдуваат дали некој претходно бил заразен со вирусот на корона и има изградено имунолошки одговор.

Научниците дошле до заклучок дека тестот може да врати лажно-негативен тест во процент до една третина. Покрај тоа, комерцијалните тестови имаат поголема веројатност да покажат лажни резултати од оние што се изведуваат во лаборатории.

  • Оваа студија укажува на важните слабости во доказите на серолошки тестови за Ковид-19, особено оние што се продаваат како тестови за нега – напишаа авторите на студијата од Универзитетот во Монтреал.

Преку нивната анализа се покажа дека дури 34 проценти од пациентите добиле резултат во кој се вели дека немаат антитела, кога всушност ги имаат.

Ова е стапка на чувствителност на тестот што е пониска кај комерцијалните тестови од оние што се изведуваат во лаборатории. Стапките на чувствителност биле пониски во тестовите извршени во првата или втората недела од симптомите во однос на оние кои се извршени по втората недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi