Францускиот Нобеловец Лук Монтање: Во корона вирусот се вметнати секвенци на СИДА

28 април, 2020
korona

Коронавирусот ќе се самоуништи, тврди францускиот нобеловец Лук Монтање, кој неодамна го шокираше светот со изјавата дека вирусот потекнува од лабораторија и дека му се додадени  ХИВ честички.

„Природата ги зима работите во свои раце! Моите колеги и јас во моментов истражуваме многу зачудувачки феномен во САД, каде има милиони заразени луѓе, и каде вирусот многу брзо се менува, особено оној дел за кој верувам дека е додаден од луѓето. Тој дел прави многу мутации и е во процес на исчезнување. Практично значи дека овој вирус ќе се самоуништи “, рече Монтање.

Францускиот нобловец вели дека услов за исчезнување на вирусот е „ширење многу меѓу населението, да мутира и да се менува“.

Звучи парадоксално, но епидемијата треба прво да се рашири за да исчезне “, вели Монтање, кој доби Нобелова награда за пронаоѓање на ХИВ вирусот.

Тој вели дека се надева дека ќе можеме да живееме нормално ова лето и смета дека е можно.

„Во секој случај, не можеме да бидеме економски затворени толку долго. Во мај има многу празници во Франција, ние сме навикнати да одмориме повеќе овој месец, но не треба да трае подолго од мај. Вирусот дојде брзо и можно е исто толку брзо да замине “, вели Монтање.

Тој ги повтори своите тврдења дека САРС-ков-2 е дело на човечки раце.

Сè започна од познат вирус кај лилјаците, на кој се интервенираше да се „хуманизира“. Во тој момент, најверојатно се случила или грешка или сè потекнува од лабораторијата. Тие добија нешто што беше спротивно од она што го бараа. Не знам што бараа, можеби вакцина против СИДА “, рече Монтање.

Тој тврди дека во корона вирусот се вметнати кратки секвенци од 20 нуклеотидни вируси, основни единици на генетски материјал. Според него, токму овие секвенци довеле до промена на вирусот, „што го направил способен да зарази човечки клетки“.

Монтање не сакаше директно да обвини некој за модифицирање на вирусот.

На критиките за неговите тврдења, кои велат дека вирусот е од „природно потекло“, Монтање одговара дека е од природно потекло, но е изменет, додавајќи дека тој и неговите соработници ќе ги објават своите наоди во научни списанија.

Францускиот добитник на Нобелова награда го поддржа својот сограѓанин, професор Дидиер Раул, кој се залага за употреба на хлорокин во борбата против Ковид-19.

” Тоа е важен третман. Спасува животи. Но, хлорокин треба да се даде на почетокот на инфекцијата, а не на крајот. На крајот, тој нема никаков ефект, бидејќи во телото нема повеќе вирус “, вели Монтање.