Гејтс го предупреди Трамп за пандемија во 2016 година! Најавува и нова во 2025 година

13 мај, 2020
Naslovna

Еден од основачите на „Мајкрософт“, милијардер и филантроп Бил Гејтс, го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во декември 2016 година за заканата што ја предизвикуваат пандемиите кон Соединетите држави, пишува Wall Street Journal.

За време на средбата со тогашниот избран претседател, Гејтс разговараше за опасностите од заразни болести и го повика Трамп да даде приоритет на подготовките на земјата за тоа, стои во весникот, додавајќи дека Гејтс советувал и други кандидати за претседател на изборите во 2016 година.

Гејтс зборуваше уште во 2015 година за фактот дека вирусите претставуваат „најголем ризик за глобална катастрофа“ во однос на другите закани, пренесува Business Insider.

„Ако нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во следните неколку децении, тоа најверојатно ќе биде многу заразен вирус, а не војна. Не ракети, туку микроби“, рече тогаш Гејтс.

Тој посочи дека земјите трошат огромна сума пари за да избегнат нуклеарна војна, а малку на „системи за запирање на епидемијата“.

„Посакувам да сторив повеќе за да привлечам внимание на таа опасност“, изјави Гејтс за Wall Street Journal

Во посета на популарното шоу „Лејт Шоу“, основачот на „Мајкрософт“ објави нова пандемија која според него би можела да го погоди светот за пет години.

Ќе дојде “Пандемија 2”.

Тоа ќе биде напад на биотероризам. Според моите проценки, таа ќе биде изведена во 2025 година “, рече Гејтс во интервјуто преку Скајп. Откако се повлече од „Мајкрософт“, Бил Гејтс се вклучи во хуманитарна работа и во 2000 година тој и неговата сопруга Мелинда основаа фондација посветена на вакцинирање на невакцинирани деца во региони каде што детска парализа сè уште не е искоренета.