ГОЛЕМО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, пристигнува мутирана верзија на корона вирусот! Новиот вид зарази многу повеќе луѓе од оној во Вухан!

6 мај, 20200
korona

Новиот вид се појави во февруари во Европа.

Научниците идентификуваа нов вид  накоронавирус, кој стана доминантен во целиот свет и се чини дека е позаразен од верзиите што се раширија во раните денови на пандемијата Ковид-19, се вели во новата студија, водена од научници од Националната лабораторија Лос Аламос.

Новиот вид се појави во февруари во Европа, брзо мигрираше во Источниот брег на Соединетите држави и беше доминантен ширум светот од средината на март, пишуваат научниците.

Покрај тоа што брзо се шири, луѓето можат да бидат ранливи на друга инфекција по првиот напад со болеста, предупредува извештајот.

Извештајот со 33 страници беше објавен во четвртокот на BioRxiv, веб-страница што ја користат истражувачите со цел да ја споделат својата работа пред стручно да се прегледа, тоа е обид да забрза соработката со научниците кои работат на вакцини или третманите против Ковид-19. Тоа истражување во најголем дел се заснова на генетското следење на претходните видови и можеби нема биде ефикасно во однос на новите видови.

Мутацијата идентификувана во новиот извештај влијае на сега ”злогласните шилци” на надворешноста на коронавирусот, кои му овозможуваат да влезе во човечките респираторни клетки. Авторите на извештајот рекоа дека чувствуваат „итна потреба од рано предупредување“ да се направат вакцини и развој на лекови ширум светот ефикасни против мутиранниот вид.

Каде и да се појави новиот вид, брзо заразува многу повеќе луѓе од претходните видови кои доаѓаа од Вухан и за неколку недели тоа беше единствениот вид кој преовладуваше во некои земји, се вели во извештајот.

Доминацијата на новиот вид над неговите претходници покажува дека тој е поинфективен, се вели во извештајот, иако точно зошто – сè уште не е познато.

Коронавирусот, за научниците познат како САРС-КоВ-2, зарази повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот и предизвика повеќе од 250.000 смртни случаи од КОВИД-19 од неговото откритие кон крајот на минатата година.

Дејвид Монтефиори, научник од универзитетот Дјук, кој работел на извештајот, вели дека тој бил првиот што ја документирал мутацијата на коронавирусот, за која се чини дека е многу поопасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi