Грција ги отвара границите на 1ви јули, а еве кои се правилата за превоз до островите

7 мај, 20200
грција

Министерството за научна и островска политика го објави планот за работа на бродовите во Грција по постепеното укинување на мерките против корона вирусот, и најави дека туристичката сезона во земјата ќе се отвори од 1 јули.

Она што е најважно за патниците е тоа што повеќето конвенционални траекти што немаат кабини ќе можат да наполнат само 50 проценти од нивниот капацитет и во бродот и на палубите.

Максималниот број на патници со заеднички кабини ќе биде 55 проценти од вкупниот капацитет, внатрешно и надворешно.

Што се однесува до кабините на бродот, еден патник ќе може да ја користи кабината или 4 патници доколку резервацијата е направена од семејството.

Кабините ќе бидат природно вентилирани, а вратите ќе треба да бидат отворени по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник.

Кога станува збор за воздушниот транспорт во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни знаци каде смее и каде не смееме да се седнува за да се одржи потребното растојание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *