Хакери нападнале неколку џамии и пуштале песни на отпорот. Властите се во потрага на сторителите.
Неколку џамии во турскиот град Измир доживејаа хакерски напад во кои наместо молитви од звучниците, одѕвонуваше песната “Bella ciao”, симбол на антифашистичката борба и општо отпорот. На социјалните медиуми се шират снимки од Измир на кои се чини дека снимателите дури уживаат во промените, но на турските власти и религиските лидери, овој инцидент воопшто не им е забавен.
Освен што е покрената истрага против оние кои упаднале во звучниот состав и ја пуштиле песната, турските власти ги гонат и сите оние кои ја објавиле снимката на социјалните медиуми и “го подржале или пофалиле” пуштањето на песната бидејќи таквото однесување го гледаат како “јавно нарушување на религиски вредности”.
И покрај предупредувањата и заканите, снимките не престанаа да се шират по друштвените мрежи, а некои од нив може да ги погледнете и во продолжение.