Иднината на Ковид-19: три можни сценарија!

24 мај, 20200
ковид

Многу земји, дури и богатите, беа неподготвени за пандемијата од Ковид-19 која ни го промени нашето секојдневие. И бидејќи научниците не веруваат дека вирусит набрзо ќе исчезне, време е да се подготвиме за следните епидемии од Ковид-19.

Да се предвиди еволуцијата на една пандемија е трик прашање. Никој не може со сигурност да каже кога сево ова ќе заврши?

Постојат три потенцијални сценарија за иднината на Ковид-19. Она што е јасно е дека крајот на 2020 година нема да биде крај на Ковид-19 и дека најверојатно ќе се справуваме со него во наредните 18-24 месеци.

Три потенцијални сценарија за следни епидемии

Првото сценарио предвидува мини бранови на секои неколку месеци, со по неколку случаи помеѓу.

Во второто сценарио, на оваа моментална состојба ќе и следува масивен втор бран кој ќе биде двојно посилен и ќе трае двојно повеќе, како што се случувало во време на пандемијата на Шпанска треска.

Во третото сценарио ќе има вакви епидемии на Ковид- 19 како моменталната, се до 2022 година.

Единствената работа што може да ги спречи сите три сценарија е развој на вакцина, а доколку вакцина не се пронајде, тогаш ќе имаме константно епидемии се додека барем половина од светската популација не се зарази. Сега за сега, само 5% од светот е заразен со овој вирус.

Второто сценаријо е веројатно најзастрашувачко бидејќи во многу земји здравствените системи едвај се справуваат и сега. Доколку има втор, посилен бран, многу здравствени системи може да колабираат, особено оние во послабо развиените земји, што може да придонесе до хаос и зголемен број на смртни случаи.

Третото сценарио не е помалку засташувачко. Бидејќи коронавирусот може да се адаптира одлично на луѓето, може да еволуира, а се работи за нов вирус за кој немаме имунитет. Ако ова се случи, може да ги намали напорите за создавање на вакцина.

Подготовката е најдобра одбрана

Препораките до владите и локалните власти е да се подготват најдобро што можат за следни епидемии.

Препорачано е исто така, да се развијат стратегии за да се обезбедат здравствените работници кои се на првите линии, да се заштитат од вирусот. Колку и да не се добри вестите, советот до владите е да развијат комуникациски планови за да ја известат популацијата дека пандемијата нема да биде комплетно завршена се до крајот на 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *