Или спушти ја маицата или излези: Девојка ја исфрлиле од продавница заради премногу краток шорц (ФОТО)

14 август, 20200
oren

Лорен О’Конор од британскиот град Сарија се огласила налутено на Twitter откако доживеала неверојатен срам во продавницата на Синсбери.

Девојката била на шопинг во жешкиот ден по маица и шорцеви, дури и не замислувајќи дека ќе доживее нималку убав разговор од обезбедувањето при влегувањето во продавница.

  • Штом влегов, еден старец со униформа ми пријде. Тој ме замоли да ја извлечам кошулата од шорцевите и да продолжам понатаму. Го прашав кој е проблемот и кој е тој за да одреди како ќе ја носам маицата. Тогаш тој ми рече понервозно дека тоа е правило на продавницата и дека треба да го послушам или да излезам надвор, напиша вознемирената девојка.

Бидејќи таа немала нерви да се расправа со него, го замолила да повика барем една жена од Саинсбери која работи таму за да види со неа што има да каже на тоа сексистичко барање.

  • Имав маска на лицето, дури и нараквици, но шорцеви ?! Човекот не повика никого, туку само ми рече дека шорцевите ми се премногу кратки и дека може да „навредам“ некои клиенти во продавницата, односно да испровоцирам. Почнав да се смеам, а потоа тој викаше да излезам веднаш за да не повика полиција затоа што овој вид шорц е забранет да се носи во продавницата. Па, не дојдов гола за да реагира така, напиша Лорен, додавајќи дека демонстративно отишла дома и се пожалила на Здружението за заштита на потрошувачите на Велика Британија, а исто така започнала приказна на сите профили што ги има на мрежите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi