ИМА ЛИ ЦИРКУС КАЈ ПЕНДАРОВСКИ? Имунитет се стекнува, а избори не се случуваат секој ден! Што се случува на лидерската средба?

12 мај, 20200
Image-1

Во тек е лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која сите лидери на политички партии, разговараат за состојбата на државата со ковид-19 и дали ќе се случат нови избори.

„Република“ неофицијално дознава дека Зоран Заев инсистирал на брзи избори дури и по цена на влошување на здравјето на граѓаните.

Тој во една прилика кажал граѓаните може да се разболуваат, ама државата мора да има нова влада. Неофицијално исто така дознаваме дека Заев не бил загрижен што за кус период не може да се донесат набљудувачи од странство, тој рекол дека изборите мора да се случат, дури и да има ниска излезност, а граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста.
Меѓу присутните настанало чудење од нахалноста на Заев за избори и при што еден од лидерите му пререкол дека на Заев му се брза да загуби, а Заев на ова одговорил дека тој е свесен дека тешко ќе биде, но кризите се шанса за политичарите. На ова настанало чудење при што Пендаровски го продолжил со состанокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi