Истражувањето покажало: Шведска е далеку од колективен имунитет!

21 мај, 20200
шведска

Шведското истражување покажало дека до крајот на април само 7,3 проценти од населението на Стокхолм развило антитела на коронавирус што само го засилува стравот дека одлуката да не се затворат границите нема да доведе до колективен имунитет.

Оваа препорака ја дал главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој дал препорака да се користат доброволни мерки во борбата против ширење на коронавирусот, за разлика од другите земји кои воведоа мерки и карантин.

Во шведска останаа отворени училиштата, рестораните, кафулињата кога речиси цела Европа беше затворена. Бројот на починати од Ковид-19 е многу поголем отколку во другите скандинавски земји, иако помал од земјите како Британија, Италија и Франција.

Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска се намалил за третина откако на крајот на април го достигнал пикот, а здравствените власти тврдат дека епидемијата забавува.

Но, во последните седум дена Шведска бележи најмногу починати по глава на жител во Европа.

Целта на истражувањата за антитела е да се утврди дали постои потенцијал за колективен имунитет, т.е. дали доволен број од популацијата развил имунитет, со што заразата би престанала да се шири.

Шведското здравство истакнало дека колективниот имунитет не е цел сама по себе, туку дека целта е да се успори ширењето на вирусот, за да не го оптерети здравствениот систем, но и негово целосно елиминирање. Шведските експерти тврдат дека државите кои вовеле комплетен карантин за да ја спречат изложеноста на вирусот се соочуваат со опасност од повторно избувнување на заразата.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi