Италија ги отвора границите на 3 јуни: денеска се отворени најпознатите плажи!

18 мај, 2020
италија

Италија е подготвена за дочек на туристи од 3 јуни, најавил денес италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Тој на состанокот со европските земји за труризам рекол дека е неприфатливо да се прават црни листи меѓу европските земји.

– Доколку не ја промениме насоката ќе дојде до сериозни економски пропусти во туристичките сектори во сите европски земји, не само во Италија, рекол ди Мајо.

Во Италија денеска се отворени најпопуларните плажи на Сардинија, Римини, како и некои близу Венеција, во склоп на втората фаза на попуштање на мерките.