Италијанците тврдат: Имаме прва вакцина што го неутрализира корона вирусот!

7 мај, 20200
vakcina

Научниците ширум светот бараат лек или вакцина против коронавирусот, а има сè повеќе откритија кои претставуваат чекор напред …

Откако научниците во Франкфурт ја откриле слабата точка на вирусот, а американски и белгиски научници успеале да направат антитела кои штитат од Ковид-19, истражувачите од римската компанија Takis Biotech објавија уште една добра вест! Тие тврдат дека создале антитела кои можат да спасат илјадници животи низ целиот свет, а по тестирањето на глувци, оваа година планираат да ја тестираат вакцината и на луѓето!

Италијанските научници тврдат дека ја откриле првата вакцина за неутрализирање на вирусот корона!

Тестирањето врз луѓето се очекува да започне во есен, велат научниците.

„Како што ни е познато, ние сме првите во светот кои демонстрираа неутрализација на вирусот со вакцина“, вели Луиџи Аурисикио од Takis Biotech.

Иако научниците ширум светот се обидуваат да најдат вакцина, Аурискио вели дека „ова не е натпревар“.

„Ако ги комбинираме нашите сили и вештини, заедно можеме да го победиме корона вирусот“.

Италијанските научници внеле клониран генетски код во глувци и велат дека резултатите се охрабрувачки. Потенцијалната вакцина доведе до „силен одговор на антителата“ по 14 дена, велат научниците.

Тестовите за потенцијална вакцина досега се спроведени во Националниот институт за заразни болести, но од компанијата велат дека им е потребна поддршка од италијанската влада за спроведување клинички испитувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *